21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата конечно паѓаат! Светските пазари здивнаа, тензиите на Блискиот Исток...

Цените на нафтата конечно паѓаат! Светските пазари здивнаа, тензиите на Блискиот Исток се смируваат

Цените на нафтата на светските пазари денеска паѓаат поради смирувањето на тензиите на Блискиот Исток.

Имено, Израел го прифати предлогот за решавање на несогласувањата кои го блокираа договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Во Лондон цената на суровата нафта од типот „брент“ од Северното Море е пониска за 27 центи или 0,4 отсто и сега цената на нафтата е 77,39 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 21 цент или 0,3 отсто, на 74,16 долари за барел.

„Очекувавме променливо тргување бидејќи сите индикации се дека напорите за прекин на огнот во Газа добиваат доволно поддршка за да се постигне договор“, велат аналитичарите на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП