Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паднаа поради намалувањето на тензиите на Блискиот Исток, откако Израел го прифати предлогот за премостување на разликите што го блокираа договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и поради економското забавување во Кина што влијаеше падот на побарувачката за гориво.
Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е пониска за 27 центи или 0,4 отсто и сега изнесува 77,39 долари за барел.

