18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на златото достигнаа нов рекорд, една златна шипка сега вреди повеќе...

Цените на златото достигнаа нов рекорд, една златна шипка сега вреди повеќе од милион долари

Цените на златото денеска достигнаа ново највисоко ниво на сите времиња, така што една стандардна шипка сега вреди повеќе од еден милион долари.

Златото утрово се продаваше за рекордни 2.513,79 долари за унца, пишува Гардијан.

„Неодамнешниот бум на побарувачката за злато може да се припише на растечките очекувања дека американската централна банка, ФЕД, ќе ги намали каматните стапки во наредните месеци“, рече Мет Брицман, висок аналитичар на капитал во Харгрејвс Лансдаун.

Според него, растот на цената на златото бил поттикнат и од големиот интерес на централните банки ширум светот за откуп на овој благороден метал.

Глобалната геополитичка несигурност исто така игра своја улога, бидејќи златото обично се смета за безбедно засолниште за капиталот.

Цената на златото е зголемена за 22 отсто од почетокот на годината, а инвестициската банка УБС очекува уште поголем пораст до 2.600 долари за унца до крајот на 2024 година.

Според Bloomberg, стандардна златна шипка обично тежи 400 унци, па вредноста на една шипка сега се проценува на 1 милион долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП