13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги задржа клучните каматни стапки на најниско ниво во историјата

Кина ги задржа клучните каматни стапки на најниско ниво во историјата

Народната банка на Кина (PBoC) денеска објави дека одлучила да ја задржи едногодишната каматна стапка (LPR) на 3,35 отсто, а петгодишната каматна стапка, која е поврзана со повеќето хипотеки, на 3,85 отсто.

И двете каматни стапки остануваат на историски најниско ниво.

Одлуката е очекувана бидејќи би било прерано повторно да се намалат каматните стапки во Кина веднаш по намалувањето во јуни за 10 базични поени, изјави Беки Лиу, директорка на Одделот за макро стратегија за Кина во британската банка Стандард Чартерд.

Сепак, таа не ја исклучи можноста Народната банка на Кина дополнително да ги намали каматните стапки во третиот квартал од оваа година, пренесува Bloomberg.

Кинеската економија се зголеми за пет отсто на годишно ниво во првата половина на 2024 година, според неодамна објавените податоци од Кинеското Национално биро за статистика (НБС).

Вредноста на кинескиот БДП од јануари до јуни оваа година достигна околу 61,68 трилиони јуани, што е приближно 7,94 трилиони евра.

Во вториот квартал од 2024 година кинеската економија порасна за 4,7 отсто во споредба со истиот квартал минатата година.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата јулска прогноза објави дека кинеската економија ќе порасне за пет проценти во 2024 година и ќе забави до 4,5 проценти следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП