По десет месеци борби во Појасот Газа, Израел и Хамас можеби се блиску до договор за прекин на огнот. Во понеделникот попладне, американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека Израел се согласил со предлогот за прекин на огнот. Хамас се уште официјално не одговорил.
Доколку се постигне евентуален договор, се поставува прашањето како би можел повторно да се изгради Појасот Газа?
Bloomberg во својата анализа тврди дека за реконструкција на уништената инфраструктура и згради во Појасот Газа потребни се повеќе од 80 милијарди американски долари со силна меѓународна соработка, а второто уште повеќе во политичка смисла, за да се убедат конфликтните страни на заедничка реконструкција.
За жал, никој не може да ги надомести изгубените животи.
Се проценува дека во моментов во Газа има околу 42 милиони тони градежен отпад и шут, како резултат на гранатирањето.