21 април, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПожарите не стивнуваат, гори на 13 места во државав

Пожарите не стивнуваат, гори на 13 места во државав

Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, 8 се под контрола и 27 се изгаснати, соопштија утрово од ЦУК

Како што соопштуваат, активни пожари има на следниве локации: Општина Македонски Брод, Јасен – викенд населба Белица (борова шума), Општина Ресен и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација и букова шума), Општина Долнени, с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева), Општина Новаци: с.Полог – Брник –Рапеш (ниска вегетација, деградирана шума), Општина Кичево , с.Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација), Општина Кичево, с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Дупјани (борова и букова шума), Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод, с.Девич м.в.Вртешка (мешана шума), Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (мешана шума), Општина Чашка: с.Мокрени (нискостеблеста дабова шума), Општина Маврово -Ростуше 1: с.Врбен (мешана шума), Општина Маврово – Ростуше, врв Кораб (нискостеблеста вегетација) –префрлен од Р.Албанија, Општина Долнени, с.Небрегово (3 ТППЕ) (нискостеблеста шума) –префрлен од Општина Чашка од планина Мукус.

Под контрола се пожарите во Општина Валандово: с.Казандол, м.в. Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева), Општина Македонска Каменица: с.Цера – повторно се разгорел на еден крак, Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума), Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација), Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија), Општина Чашка 1: с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума), Општина Чашка 2: Планина Мукос кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума), Општина Василево: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) према с.Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП