15 септември, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈА ОПШТОМАКЕДОНКА ИЛИ БУГАРКА? Овие две жени од Балканот се фаворити за важна...

МАКЕДОНКА ИЛИ БУГАРКА? Овие две жени од Балканот се фаворити за важна функција во НАТО

Марк Руте, поранешниот холандски премиер кој во октомври ќе ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО, ги проучува биографиите на политичарите кои се кандидирале да бидат негова десна рака во Алијансата.

Неименувани претставници на НАТО изјавија за Политико дека Мирчеа Џоана, актуелниот заменик генерален секретар на НАТО, се очекува да ја напушти функцијата што ја извршуваше од 2019 година за да се кандидира на претседателските избори во Романија во ноември.

Висок дипломат на НАТО од Западна Европа, кој инсистираше на анонимност, изјави за една бриселска веб-страница дека постои консензус меѓу сојузниците дека заменикот на Руте треба да биде од Источна Европа.

Наместо заменик, новиот генерален секретар на НАТО би можел да добие заменичка, бидејќи разговорите во седиштето на Алијансата се фокусирани на двајца поранешни функционери на Македонија и Бугарија.

Политико погрешно наведува дека и двете од овие земји биле под советска контрола до крајот на Студената војна, заборавајќи дека Македонците биле дел од Југославија, која водела политика на неврзување.

-Таа позиција многу лесно може да и припадне на жена од Источна Европа – изјави за Политико Оана Лунгеску, поранешна портпаролка на НАТО, потсетувајќи дека имало напор жена да ја води Алијансата пред да биде избран Руте.

Според дипломати и официјални претставници на НАТО, името на Радмила Шекеринска, поранешната министерка за одбрана на Македонија, нашироко се споменува.

Доколку биде избрана за заменик на Руте, Шекеринска би станала највисок функционер на Алијансата со потекло од Западен Балкан, кој не е дел од Европската унија.

Се потсетува дека Македонија влезе во НАТО пред четири години и дека Шекеринска одигра клучна улога во тој процес.

Се вели дека прозападната Шекеринска моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти, а Мајда Руге, висок соработник во Европскиот совет за надворешни работи специјализирана за Балканот, ја пофали како идеален кандидат.

Ривалка на Шекеринска во борбата за местото заменик генерален секретар на НАТО е Марија Габриел, поранешен вицепремиер на Бугарија и поранешен еврокомесар.

Ова го изјавија за Политико двајца функционери кои се директно запознаени со плановите на бугарската политичарка.

Лунгеска потврди и дека има гласини за евентуален избор на Габриел за десна рака на Руте, но поранешниот потпретседател на бугарската влада не одговори на барањето на бриселската веб-страница за коментар за тоа.

Се наведува дека делегациите на Македонија и Бугарија во НАТО, како и самата Алијанса, одбиле да ги коментираат информациите до кои дојде Политико.

Се известува дека, иако Шекеринска и Габриел се сметаат за фаворити за функцијата, Кришјанис Каринш, поранешниот латвиски премиер, кој дури сакаше да ја води Северноатлантската алијанса пред да биде избран Руте, исто така би сакал да се кандидира за заменик генерален секретар на НАТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП