17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританските осигурителни компании исплаќаат рекордни отштети поради климатските промени

Британските осигурителни компании исплаќаат рекордни отштети поради климатските промени

Осигурителите во Обединетото Кралство исплатиле рекордни 1,4 милијарди фунти во текот на вториот квартал за штети предизвикани од временските настани како што се пожари и поплави предизвикани од климатските промени, соопшти Здружението на британски осигурителни компании (АБИ).

Просечната цена на осигурувањето на домот во земјата се зголеми за 6 отсто квартално на 396 фунти во вториот квартал, а просечната премија за комбинирана полиса скокна за 19 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.

Сопствениците на домови и бизниси во Велика Британија подеднакво се борат со штетите предизвикани од бури, силен дожд и замрзнати цевки. Побарувањата за штети во домот достигнаа 144 милиони фунти во тој период, што претставува петти последователен квартал во кој штетите поврзани со временските услови надминаа 100 милиони фунти, објави денеска АБИ.

Зголемените поплави во Велика Британија поради излеаните реки и блокираните одводи ги натераа осигурителите да се откажат од покривањето, особено за комерцијалните имоти и сопствениците, соопшти здружението.

Здружението најави и дека преку реформа на системот за планирање со фокус на превентивните мерки е суштинска за подобра заштита на земјата од климатските промени.

-Итната владина акција за справување со поплавите на површинските води и инвестициите во одржување на заштитата од поплави ќе помогнат да се намалат идните штети од поплави, рече советникот на АБИ Луиз Кларк.

Лондон беше меѓу британските градови погодени од поројни поплави минатата недела по бурните летни дождови, додека од другата страна на Атлантикот неколку југоисточни американски држави беа поплавени од тропската бура Деби, повторно потсетувајќи ги осигурителите на зголемените ризици од климатските промени и урбанизацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП