Цветањето на амброзијата годинава почна малку порано, а секој петти граѓанин има некакви проблеми.
Повеќето пациенти се жалат на течење на носот, кивање, чешање на очите, но и гушење, а поради високите температури, амброзијата дојде порано годинава.
„Секоја година почнува порано и трае подолго. Порано обично беше во септември, но сега почнува во средината на јули, тогаш луѓето почнуваат да ги чувствуваат првите проблеми“, изјави српсиот доктор д-р Саша Милиќевиќ.
Најчести симптоми
„Луѓето имаат црвени очи, конјунктивитис, кивање особено наутро, секрет од нос, нервоза, отежнато дишење. Ова навистина може да биде проблем и да го попречи секојдневното функционирање“, вели д-р Милиќевиќ.
Исто така, експертите предупредуваат дека периодот на цветање на амброзијата допрва доаѓа.
Совети за ублажување на симптомите
-држете ги прозорците затворени во текот на денот;
-не излегувајте надвор во ветровито време;
-не излегувајте од дома наутро, кога има најмногу полен во воздухот;
-често миете се;
-почесто мијте ја косата;
-перете ги алиштата почесто, но не сушете ги надвор, освен навечер;
-истресете ја постелнината;
-тргнете се од околината каде што расте причинителот за алергијата;
-10 до 15 дена пред зголемувањето на концентрацијата на алергени во воздухот започнете со земање на терапијата.
Симптоми кај деца и возрасни без голема разлика
„Разликата е многу мала, само дишните патишта на децата се помали, па полесно навлегуваат во такви тегоби, но симптоматологијата е многу слична. Дури и децата се поизложени на алергенот“, посочува д-р Милиќевиќ.
Важно е да се започне со терапија најмалку две недели пред почетокот на цветањето, а гушењето се случува многу ретко. Исто така, многу е важно да знаете дека може да добиете алергија во секое време, без разлика на возраста и без разлика дали сте имале претходно.
„Најранливи се луѓето кои се склони кон атопија, оние кои имаат алергија на некоја храна или имаат атопичен дерматитис, тоа не е секогаш така, но обично се случува оние кои инаку се склони кон алергии да имаат проблеми и со овие потешкотии“, заклучува Милиќевиќ.