22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAI профилирањето на врата: Дали сакаме технологијата да „знае“ сè за нас...

AI профилирањето на врата: Дали сакаме технологијата да „знае“ сè за нас врз основа на нашето лице?

Можеме ли да ја откриеме интелигенцијата, сексуалните преференции или политичките идеи на една личност само со еден поглед во лицето?

Со векови, научниците се обидуваат да ѕирнат во врската помеѓу физичкиот изглед и психолошките карактеристики на личноста. Уште во 1700-тите, физиогномистите ги мереле цртите на лицето во потрага по благородни квалитети на душата. Френолозите мереле испакнатини на главите на луѓето во потрага по морални недостатоци. Евгеничарите, од друга страна, користеле фотографии и тестови за интелигенција за да го пронајдат „инфериорниот“.

Иако методите се сменија, целта беше иста – да се поврзат физичкиот изглед и умот на поединецот.

Резултатите секогаш биле исти – ниту една од овие „науки“ не успеала во својата цел. Она што успеала да го направи е да создаде алатка за дискриминација на луѓето врз основа на нивниот изглед.

Но, Михал Косински, психолог од Универзитетот Стенфорд, тврди дека развил вештачка интелигенција која може со висок степен на точност да препознава карактеристики како што се сексуалните преференции или политички наклонетости, а потребна му е само фотографија од лицето на една личност.

За многумина, таквиот начин на профилирање на луѓето е, во најмала рака, етички сомнителен, но Косински тврди дека тој само предупредува за што може да се користи скенирањето на лицето.

Со оглед на широко распространетата употреба на препознавање лице, нашите наоди имаат критични импликации за заштита на приватноста и граѓанските слободи, напиша Косински во својата студија во 2021 година кога разви систем за препознавање лице што може да ги предвиди политичките ставови на една личност со 72 проценти точност.

Сега отиде чекор понатаму и испрати уште едно предупредување за потенцијалните начини на користење на вештачка интелигенција.

Многу брзо би можеле да се најдеме во позиција каде што овие модели имаат карактеристики и капацитети кои се далеку пред она за што луѓето можат да сонуваат. И нема ни да го забележиме, предупреди тој во интервју за Business Insider.

Така, тој верува дека способноста на вештачката интелигенција да донесува проценки на личноста од типот што тој ја проучува само ќе се подобри, и дека идните системи за вештачка интелигенција би можеле да станат врвни манипулатори кои ќе го користат сето знаење што го собираат за луѓето за да „станат врвна забава и системи за манипулација“.

Од друга страна, критичарите предупредуваат дека студиите на Косински обезбедуваат само материјал за создавање токму такви дискриминаторски технолошки системи кои ќе забранат некого да пристапи до некоја област или ќе го обвинат за криминално дело, само затоа што има одредени црти на лицето.

Веќе видовме како моделите со вештачка интелигенција можат да бидат полни со предрасуди, лоши податоци и да прават критични грешки. Доколку се остварат предвидувањата на Косински, ова може да стане уште повообичаено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП