Во 2023-та година, ЕУ произвела 3,2 милијарди литри сладолед, што е за 1,4% помалку од 2022 година, кога биле произведени 3,3 милијарди литри, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.
Меѓу земјите-членки на ЕУ, Германија беше главен производител на сладолед минатата година со 612 милиони литри, а потоа следат Франција со 568 милиони литри и Италија со 527 милиони литри.
Покрај тоа што беше најголем производител на сладолед во 2023-та година, Германија го произведе и сладоледот со најниска просечна цена од 1,8 евра за литар. Франција известува за просечна цена од 2,2 евра за литар сладолед, а во Италија просечната цена достигнува 2,6 евра за литар.
Најскапиот сладолед се произведува во Австрија со просечна цена од 7,7 евра за литар, потоа Унгарија со 4,8 евра за литар и Грција со 3,7 евра за литар.
По Германија, најниска просечна цена на произведениот сладолед е Литванија со 1,9 евра за литар, потоа Чешка со 2 евра за литар и Шведска со 2,1 евро за литар.

Во 2023-та година, земјите-членки на ЕУ извезле 261 милион килограми сладолед во земји надвор од Унијата, со вкупна вредност од 1,04 милијарди евра. Од друга страна, увозот на сладолед од земји надвор од ЕУ изнесува 56 милиони килограми и е вреден 217 милиони евра. Извезената количина на сладолед е зголемена за 5% во однос на 2022-ра година, кога обемот достигна 249 милиони килограми. Во исто време, увозот од земји надвор од ЕУ се намали за 8% во 2023-та година на 61 милион килограми.

Франција извезла 52 милиони килограми сладолед во 2023-та година во земји кои не се членки на ЕУ, што претставува 20% од извозот на сладолед во ЕУ. Ова ја прави земјата најголем извозник на сладолед во Унијата, претекнувајќи ја Холандија со 35 милиони килограми и удел од 14% од вкупниот извоз на ЕУ, Германија со 29 милиони килограми и удел од 11%, Италија со 28 милиони килограми и удел од 11% и Ирска со 24 милиони килограми и учество од 9%.