11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВажноста на осигурувањето: Зошто секој треба да има осигурување

Важноста на осигурувањето: Зошто секој треба да има осигурување

Осигурувањето е еден од најважните аспекти на финансиското планирање со што се обезбедува заштита и сигурност за различните аспекти на нашиот живот. Без разлика дали станува збор за домот, автомобилот, здравјето или бизнисот, осигурувањето игра клучна улога за човечката стабилност.

Една од главните предности на осигурувањето е финансиската заштита во случај на непредвидени настани. Овде може да се работи за природни катастрофи, несреќи или болести а осигурувањето помага да се покријат трошоците кои би можеле да бидат огромен финансиски товар. Вака на секој му е овозможено да се справи со секоја ситуација без да се загрози финансиската стабилност.
Осигурувањето делува како механизам за намалување на ризикот. Со плаќање на премија ризикот се префрлува од поединецот на осигурителната компанија. Компанијата ја презема одговорноста за штетите и овој механизам е основен за луѓето и бизнисите.

Кога зборуваме за домот, автомобилот и други важни средства што треба да се заштитат од финансиски загуби предизвикани од штета или кражба несомнено се упатува на осигурување при пожари, поплави и други предизвици со што е возможно брзо враќање на нормалниот живот.
Здравственото осигурување пак дава пристап до квалитетна медицинска нега. Во случај на болест или повреда, здравственото осигурување покрива широк спектар на медицински трошоци и го намалува финансискиот стрес.

Најзанемарената предност е секако мирот, менталната сигурност што се обезбедува кога човек знае дека е осигурен и може да се фокусира на своите цели и планови без да се грижи за потенцијалните ризици и загуби.

Честопати осигурувањето е и законска обврска, на пример осигурувањето на автомобилот е задолжително во многу земји во светот, тука спаѓаме и ние. Ова е заштита не само за возачот туку и за сите учесници во сообраќајот.

Бизнисите забораваат дека и тие можат да се заштитат осигурувајќи го имотот или да бидат осигурани во случај на правни обврски и загуби при прекин на работата. Ова им овозможува на компаниите да работат стабилно, а сигурноста е витална за долгорочен успех.

Според Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), осигурувањето на имот во Македонија забележа значителен раст во последните години, со особено зголемен интерес за полиси кои ги покриваат природните катастрофи како поплави и пожари. Оваа година осигурувањето на имот порасна за 10% во споредба со претходната година. Сето ова укажува на зголемена свест и потреба за заштита меѓу граѓаните, кои сè повеќе се одлучуваат на овој чекор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП