11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономија на еврозоната: Раст поголем од очекуваниот - Германија бележи пад

Економија на еврозоната: Раст поголем од очекуваниот – Германија бележи пад

Во вториот квартал од оваа година, економијата на ЕУ порасна повеќе од очекуваното, но економската активност се намали во Германија, водечката европска економија.

Бруто домашниот производ (БДП) на ЕУ порасна за 0,3 отсто во вториот квартал во 20-те земји кои го користат еврото, покажуваат официјалните податоци што денеска ги објави статистичката агенција Еуростат.

Германија, пак, имаше пад на БДП од 0,1 отсто.

На ниво на еврозоната, растот следи слично остварување од 0,3 отсто од кварталот јануари-март, што беше прв значаен раст по повеќе од една година стагнација околу нулата.

Спротивно на тоа, американската економија порасна за 0,7 отсто во вториот квартал во однос на првиот, или 2,8 отсто на годишна основа.

Американските потрошувачи трошат слободно, додека државните трошоци од повисоките буџетски дефицити и субвенциите за деловни инвестиции во обновлива енергија, исто така, придонесуваат за растот на САД.

Во Европа е тешко бидејќи потрошувачите никогаш не штеделе повеќе од сега, додека владите исто така ги ограничуваат трошоците за да ги намалат буџетските дефицити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП