7 мај, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКакви се цените на храната и сместувањето во Албанија ова лето?

Какви се цените на храната и сместувањето во Албанија ова лето?

Како и изминатите години, една од попристапните летни дестинации за туристите од Македонија и ова лето е Албанија.

Цените генерално се за 20 до 40 отсто пониски од дестинациите во Грција, Хрватска или дури и Црна Гора.

Цената на апартман за четири лица од ноќевање во Драч или Голем е од 40 до 60 евра по лице, во апартмани за две лица ноќевање со појадок по лице е од 50 до 80 евра, во хотелите со пет ѕвезди all inclusive услугите се од 120 до 170 евра дневно.

Слични се цените за сместување во Валона, Орикум и Химара, од 40 до 50 евра во апартмани за четири лица, додека во хотелите со пет ѕвезди цената е 160 евра на ден.

Меѓу туристите од Македонија, можеби најпопуларни албански летувалишта се Ксамил и Саранда, каде ноќевање во четворокреветен апартман чини од 50 до 70 евра по лице, додека сместувањето за две лица во хотел, ноќевање со појадок, чини од 50 до 110 евра.

Цените на храната во супермаркетите

Просечните цени на југот на Албанија се нешто повисоки отколку на северот на земјата, а млекото чини околу 1,4 евра, лебот е 80 центи или 50 денари, 10 јајца се 100 денари, околу 1,7 евра.

Килограм сирење е пет евра, пилешко 4,2 евра, домати 0,7 евра, а кромид 0,45 евра или околу 30 денари.

За килограм јаболка треба да одвоите 0,8 евра или 50 денари, бананите 1,4, а портокалите 1 евро. Шише вода од 1,5 литри во просек е 30 денари, а литар вино во продавница е 400 денари. Половина литар домашно пиво е 0,9 евра, а странско 1,5 евро. Една кутија цигари во супермаркетите чини три евра.

Цените во рестораните

Двајца можат да вечераат гиро или нешто друго „на брзина“ за 500 денари, додека вечерата за двајца во некои ресторани е во просек 1.600 денари. Тестенините се од 3,5 до 7 евра, рибата со прилог од 7 до 12 евра, пицата за две лица од 5 до 8 евра или од 300 до 500 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП