6 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: САД треба да ги зголемат даноците и да почекаат да ги...

ММФ: САД треба да ги зголемат даноците и да почекаат да ги намалат каматните стапки

Се очекува Федералните резерви на САД да ги намалат каматните стапки до крајот на 2024-та година, а американската влада мора да ги зголеми даноците за да го забави растот на федералниот долг.

Ова се наведува во деталниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесе „Reuters“.

Во последниве недели, ММФ ја нагласи потребата за поголема фискална претпазливост бидејќи американскиот дефицит продолжува да се зголемува и покрај солидниот економски раст и додека републиканците и демократите формулираат предлози за даноци и трошоци пред претседателските избори во ноември.

Во вторникот, главниот економист на фондот, Пјер-Оливие Гуринчас, изјави за „Reuters“ дека ФЕД може да си дозволи да чека подолго за да започне со олеснување на монетарната политика, најмногу поради силниот пазар на труд. Но, во извештајот објавен во четвртокот се наведува дека намалувањето на трошоците за задолжување треба да се случи „на крајот на 2024-та година“ за да се избегнат непријатни изненадувања во податоците за инфлацијата.

„Со оглед на значителните нагорни ризици за инфлацијата – изнесени во прв план со податоците објавени претходно оваа година – би било разумно да се намали основната стапка само откако ќе има појасни докази дека инфлацијата постојано се враќа на целта од 2 отсто“, според експертите на Меѓународниот монетарен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП