21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуски функционер: Во БРИКС се наоѓаат 72 отсто од резервите на ретки...

Руски функционер: Во БРИКС се наоѓаат 72 отсто од резервите на ретки метали

По пристапувањето на новите членки, 72 отсто од глобалните резерви на ретки метали се наоѓаат во земјите од економскиот блок БРИКС, изјави денеска шефот на руската Федерална агенција за управување со подземни ресурси (Роснедра) Евгениј Петров.

Според неговите зборови, минералните и суровинските комплекси на земјите од БРИКС меѓусебно се надополнуваат и постои потенцијал за проширување на трговијата меѓу членовите на таа организација за да се обезбеди стабилност на снабдувањето, пренесува ТАСС.

Ретките земјини метали се клучни за планираната енергетска транзиција и постепеното напуштање на фосилните горива.

Светска банка на почетокот на месецот објави податоци кои покажуваат дека учеството на земјите од БРИКС во глобалниот БДП по паритетот на куповната моќ на крајот на 2023 година се зголеми за 0,6 отсто и достигна рекордни 35,7 отсто.

БРИКС е основан во 2006 година, а од таа година учеството на овој економски блок во економијата е зголемено за 10,2 отсто.

За разлика од нив, учеството на земјите од Групата седум (Г7) во глобалниот БДП падна за 0,4 отсто на 29 отсто на крајот на минатата година и сега е најниско во последните 30 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП