21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата во светот паѓаат поради загриженоста за падот на побарувачката...

Цените на нафтата во светот паѓаат поради загриженоста за падот на побарувачката во Кина

Цените на нафтата паднаа во вторникот, откако лошите економски показатели во Кина ја зголемија загриженоста за забавување на нејзината економија и падот на побарувачката за нафта во најголемиот светски увозник на овој енергетски производ.

Меѓународната референтна цена на нафтата брент утринава изнесуваше 84,23 долари за барел, по пад на цената од 0,73 отсто во однос на претходната трговска цена.

Американскиот репер West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше за 80,22 долари за барел по падот од 0,77 отсто.

Бруто домашниот производ (БДП) на Кина порасна за 4,7 отсто во вториот квартал од 2024 година, што сè уште беше под пазарните очекувања, објави Државниот завод за статистика.

Кинеската економија порасна за 5,3 отсто во првиот квартал.

Минатата недела веќе беше забележан пад на увозот на нафта во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП