Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,822%, кај дизелот намалувањето е во просек за 3,043% , кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 3,906% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,715%, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување


