21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите очекуваат платите во еврозоната да пораснат за 3,3 отсто во текот...

Компаниите очекуваат платите во еврозоната да пораснат за 3,3 отсто во текот на следната година

Компаниите во еврозоната очекуваат платите на работниците да се зголемат за 3,3 отсто во следните 12 месеци, покажа денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ).

Резултатот е помал во споредба со претходното истражување од пред три месеци, кога компаниите очекуваа раст на платите од 3,8 отсто во еврозоната.

Компаниите исто така ги намалија очекувањата за раст на продажната цена во следните 12 месеци и сега веруваат дека тие ќе се зголемат за три отсто, додека пред три месеци очекуваа цените да пораснат за 3,3 отсто.

Официјални лица на Европската централна банка се заинтересирани за овие податоци бидејќи укажуваат на тренд на инфлација, а падот на очекуваниот раст на платите е генерално позитивен знак, пренесува Bloomberg.

Годишната стапка на инфлација во еврозоната е забавена на 2,5 отсто, но сепак е малку повисока во услужниот сектор, каде што растот на платите игра важна улога.

Фирмите во еврозоната навестија и попозитивни трендови во понудата на банкарски кредити и изјавија дека очекуваат просечна инфлација од три проценти во следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП