22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паднаа за повеќе од еден процент за една недела

Цените на нафтата паднаа за повеќе од еден процент за една недела

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 1 отсто минатата недела, најмногу поради загриженоста поради бавното закрепнување на кинеската економија, најголемиот увозник на „црното злато“ во светот.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 1,7 отсто, на 85,03 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,1 отсто, на 82,20 долари.

Од друга страна, трговците беа охрабрени од податоците за слабеење на инфлациските притисоци во САД. Цените се поддржани и од индикации за силна летна побарувачка за гориво во САД.

Побарувачката на бензин достигна 9,4 милиони барели дневно во претходната празнична недела, што е највисоко ниво од 2019 година, покажаа новите податоци. Побарувачката за авионско гориво, пак, беше највисока во просек од јануари 2020 година во изминатите четири недели.

Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, цените на нафтата се во пораст во однос на почетокот на годината – на лондонскиот пазар околу 11 отсто, а на американскиот околу 15 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП