12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрансакциите со станови паднаа во 13 земји на ЕУ во 2023-та (ИНФОГРАФИК)

Трансакциите со станови паднаа во 13 земји на ЕУ во 2023-та (ИНФОГРАФИК)

Трансакциите со станови се намалени во 13 од 16-те земји-членки на Европската унија за кои се достапни податоци за 2023-та година во споредба со претходната 2022-ра година. Втора година по ред, поголемиот дел од земјите забележаа пад на продажбата, објави европската статистичка служба Евростат.

Луксембург е земја со најголем пад на зделките во 2023-та година со пад од 43,3%, потоа Австрија со 26,4%, Унгарија и Финска со по 24,5%. Минатата година се намалија и зделките во Бугарија. Падот започна од втората половина на 2022-ра година.

Од друга страна, Кипар забележа раст од 31%, растат трансакциите и во Полска за 3,9% и во Ирска за 0,6%.

Годишна стапка на промена на бројот на станбени трансакции во 2023-та наспроти 2022-ра Графикон: Евростат

Податоците на Евростат вклучуваат трансакции со нови и постоечки станови – станови и куќи.

Во 2022-ра година, десет од 16 земји-членки на ЕУ пријавиле пад на бројот на продажби. Данска е земја со најголемо намалување на трансакциите од 24,8%, додека Кипар повторно забележа најголем пораст на трансакциите од 27,4%.

Во 2020-та година, пазарот на домување беше погоден од почетокот на пандемијата Ковид-19. Трансакциите со станови паднаа поради рестриктивните мерки, при што само 4 од 16 земји-членки со достапни податоци пријавија зголемување на продажбата.

Сепак, во 2021-ва година, продажбата на домови порасна во 14 земји на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП