Во Хрватска просечната месечна нето-плата по вработен за април годинава изнесува 1.323 евра, а медијалната плата 1.110, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.
Според податоците што ги пренесуваат локалните медиуми, просечната плата за април е номинално повисока за речиси 18 отсто во однос на истиот месец лани, а реално за 13,7 отсто.

