17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо 40 години McDonald`s остана без Heinz

По 40 години McDonald`s остана без Heinz

mcdonaldsheinz

Најголемиот ланец ресторани за брза храна „McDonald`s“ соопшти дека по 40 години, планира да ја прекине соработката со производителот на кечап „Heinz“.

Причина е промената на раководството на „Heinz“, со кое сега управува Бернардо Хес, поранешниот генерален директор на конкурентниот ланец „Burger King“, пренесува Ројтерс.

„Поради неодамнешните промени во раководството на „Heinz“ одлучивме дека во наредниот период ќе воспоставиме соработка со други добавувачи на кечап“, се наведува во соопштението на „McDonald`s“.

„Heinz“ е водечки светски производител на кечап и други видови на храна и зачини. Компанијата произведува илјадници прехрамбени производи во фабриките на шест континенти кои се продаваат во повеќе од 200 земји во светот.

Компанијата „Heinz“ сеуште не ја коментирала одлуката на „McDonald`s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП