22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на извозот за 8,8 отсто, трговскиот дефицит изнесува 86,2 милијарди денари

Пад на извозот за 8,8 отсто, трговскиот дефицит изнесува 86,2 милијарди денари

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 199 881.6 милиони денари и бележи пад од 8.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 286 075.7 милиони денари, што е за 0.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува  86 194.0 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периoдот јануари – мај 2024, изнесува 69.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – мај 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Целиот извештај на ДЗС можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП