10 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрција на удар на силно невреме: Се препорачува туристите да не излегуваат...

Грција на удар на силно невреме: Се препорачува туристите да не излегуваат надвор

Националната метеоролошка служба на Грција (ЕМИ) издаде ново предупредување за претстојно невреме во централниот и северниот дел на земјата, пишуваат грчките медиуми.

Според ЕМИ, од денеска до утре попладне се очекуваат пороен дожд и грмежи, јавуваат грчките медиуми.

Директорот на ЕМИ, Тодорис Колидас, со објава на Фејсбук предупреди за овие временски појави и зачестеноста на молњите во Атика и Беотија.

„Комисијата за проценка на ризици утринава на вонреден состанок не информираше за опасни временски појави со силно невреме и многу интензивни грмежи утре во повеќе области од државата“, најави министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас.

„Потребна е голема грижа за ова невреме, особено молњите на копно и на море. За подобро информирање за заштита од гром, граѓаните можат да ја посетат веб-страницата на Цивилната заштита“, се додава во соопштението на министерот.

Се препорачува да не се излегува надвор освен ако е апсолутно неопходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП