9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung продолжува да соборува рекорди

Samsung продолжува да соборува рекорди

samsama

Компанијата „Samsung“ запиша рекордни резултати за последното тромесечије. Корејците регистрираа приходи од 55 милијарди долари и профит од 9.6 милијарди долари за периодот од јули до септември. Овие бројки се за 7 проценти поголеми од резултатите кои „Samsung“ очекуваше да ги претстави. Само за профитот пријавиле 25 проценти раст на годишна основа.

Најинтересно е, дека овој пат мобилната дивизија на компанијата не е причината за рекордот. Кај неа има скок во добивката, но од само 3 проценти. Главен катализатор на високите резултати е одделот за продажба на хардверски компоненти. Особено добро се поднесува дивизијата за процесори, при која има скок од 12 проценти во добивката поради високите потреби на мобилните уреди, серверите и најновите играчки конзоли.

Најлоша е ситуацијата во бизнисот со дисплеи на „Samsung“, во кое влегуваат и телевизорите. Овој оддел забележа пад во профитот за 12 проценти.

За завршните три месеци од оваа година во „Samsung“ не очекува раст во мобилната дивизија со повеќе од 5 проценти. Како причина за тоа се посочува исклучително силната конкуренција кај паметните телефони и таблетите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП