30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1ви јули поскапа струја за првиот и вториот блок за 0,4%,...

Од 1ви јули поскапа струја за првиот и вториот блок за 0,4%, за третиот 0,48% и за четвртиот 0,57%

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информираше дека цената на струјата кај домаќинствата, од 1 јули ќе се зголеми за 0,4 oтсто, за 88 проценти од домаќинствата се во првиот и вториот тарифен блок, со оглед на потрошувачката.

„За 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок цената на електричната енергија има корекција од 0,4%. За оние потрошувачи кои се во трет блок, а тоа се околу осум проценти од домаќинствата цената се зголемува за 0,48% и за четврт блок цената е зголемена за 0,57%. Клучно е сега универзалниот снабдувач да ја следи дадената регулаторна насока за оптимизирање на набавката на останатите 15 % за количини на електрична енергија што ЕСМ не ги понуди, и сега треба да се набават на слободен пазар. Треба да се бараат креативни решенија кои ќе бидат во интерес на граѓаните и да се размислува кон откуп на струја од домашните капацитети од обновливи извори. Неопходно е да има конкуренција и да се искористи моментумот кога цената на струја на берзите е поволна“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Регулаторната комисија за енергетика објви дека универзалниот снабдувач ЕВН Хоме соодветно го применил тарифниот систем при изготвување на одлуката за нови цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП