Државниот завод за статистика пресмета благ раст на просечната нето плата во април која изнесува 41 085 денари. Таа е зголемена за 589 денари во однос на претходниот месец.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (21.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18.6%) и Информации и комуникации (18.0%).

