Дали посакувате во вашиот дом да поседувате внатрешен базен во кој ќе можете комплетно да се релаксирате по тешкиот напорен ден, да ги повикате пријателите заеднички да уживате или да го изненадите партнерот со романтична ноќ помината покрај вашиот базен.
Овие базени се дел од луксузните апартмани и куќи кои ги поседуваат лицата со подлабок џеб. Нивниот дизајн е ремек дело на познатите архитекти кои ги уредуваат нивните станови.
Ваквите базени во домот одаваат слика на луксуз и гламур. Базенот кој вие ќе си го одберете можете да го сместите во вашата бања, спална соба, во дневната соба или за него специјално да одвоите една просторија, изборот е ваш.
Погледнете ги овие фотографии и украдете некоја идеја од нив…