19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦвекло – чувар на нашето здравје

Цвекло – чувар на нашето здравје

cveklo1

Освен што претставува една од најхранливите намирници што секојдневно можат да се консумираат, истовремено претставува идеален избор во текот на зимските денови.

Цвеклото е лековит зеленчук кој ја стимулира размената на материите во организмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Цвеклото содржи големи количини на витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротин, како и минерали: калиум, калциум, натриум, фосфор, железо, сулфур, јод…

Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца , ја подобрува косата, ноктите, го решава запекот, го подобрува расположението.

Цвеклото е идеално за регулирање на крвниот притисок и го намалува зголемениот холестерол во крвта.

Цвеклото изобилува и со силициум, кој што го појачува сврзното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум.

Како треба да се консумира?

Може да се готви, но најдобро е кога се консумира свежо. Сокот од цвекло го освежува организмот, а може да се комбинира со морков, јаболко или лимон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП