26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот германски индустриски синдикат на работници бара зголемување на платите за седум...

Најголемиот германски индустриски синдикат на работници бара зголемување на платите за седум отсто

Најголемиот германски индустриски синдикат на работници објави во понеделникот дека ќе бара зголемување на платите за милиони работници за седум отсто во претстојните преговори со работодавците, тврдејќи дека компаниите, вклучително и производителите на автомобили, се во позиција да го постигнат тоа.

Раководството на синдикатот IG Metal соопшти дека го препорачува ова зголемување на платите за 3,9 милиони работници, со оглед на „постојаното високо ниво на цени“ во Германиј.

Според овие синдикалци, на компаниите им оди добро и иако цените веќе не скокаат како порано, зголемувањето на платите од претходниот колективен договор на крајот на 2022 година ги изеде инфлацијата.

По тој повод, договорено е платите во следните две години да се зголемат за 8,5 отсто, со еднократна исплата до 3.000 евра за ублажување на ефектите од високата инфлација.

Владата тогаш ги одобри овие плаќања, кои не беа оданочени.

IG Metal сега бара зголемување од седум проценти, но во период од една година, и верува дека индустријата сега е генерално во добра форма и економските изгледи се подобрени.

Претходниот колективен договор истекува во септември.

Инфлацијата во Германија, најсилната европска економија, сега изнесува 2,4 отсто на годишно ниво, додека на почетокот на минатата година таа изнесуваше дури девет отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП