13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОграничувањето на имиграцијата ќе ги загрози француските амбиции за „AI“

Ограничувањето на имиграцијата ќе ги загрози француските амбиции за „AI“

Шефовите на водечките француски технолошки компании предупредија дека ограничувањата за имиграција предложени од екстремно десничарската партија Национално собрание претставуваат закана за амбициите на земјата да стане водечки европски центар за вештачка интелигенција (AI).

По тешката загуба на неговата партија Ренесанса на гласањето во Европскиот парламент изминатиот викенд, претседателот Емануел Макрон распиша предвремени избори за долниот дом на парламентот, при што првиот круг ќе се одржи на 30-ти јуни, а вториот на 7-ми јули.

Макрон го постави приоритет на поддршката на локалните технолошки компании, олеснувајќи им на стартапите да вработуваат странци, лобирањето против регулативите на Европската унија што ги сметаше за премногу строги и привлекувањето инвестиции од „Amazon“ и „Microsoft“. Но, екстремно десничарското Национално собрание на Марин Ле Пен, кое се очекува да освои најмногу места на изборите, вети дека ќе го намали бројот на работниците мигранти дозволени во Франција и ќе воведат построга контрола врз странските инвестиции. Ова може да ги поткопа амбициите на земјата на полето на вештачката интелигенција, велат технолошките директори цитирани од „Reuters“.

„Целосно се согласувам со загриженоста за антимиграцискиот став на партијата на Марин Ле Пен. Во претходните два стартапи во кои работев, квалификуваната имиграција во Франција беше голем двигател на таленти. Особено студентите кои дојдоа да студираат овде, правеа практиканти во различни компании и на крајот останаа. Тоа е неверојатен канал за млади таленти“, рече Жулиен Лоне, извршен директор на стартапот за вештачка интелигенција „Adaptive ML“.

Камил Лемардели, извршен директор на „Superprof“, нова компанија за образование со седиште во Париз, исто така е категорична дека плановите на екстремно десничарската партија би можеле да создадат помалку добредојдена средина за меѓународните професионалци, што ќе влијае на пошироката деловна клима.

„Политичката платформа на Националното собрание вклучува предлози кои нагласуваат построги контроли на имиграцијата и фокус на националните преференции при вработувањето. Ова може да има ефект врз иновативноста и конкурентноста, не само за „Superprof“, туку и за целиот француски технолошки екосистем“, вели тој.

Во последниве недели, Франција се обиде да ја потврди својата позиција како лидер во вештачката интелигенција, со деловни и политички лидери од целиот свет кои присуствуваа на годишната конференција „VivaTech“ во Париз. Но, предложените ограничувања на Националното собрание за ангажирање странски работници може да го поткопаат тоа, според Хуго Вебер, шеф за односи со јавноста во париската компанија за е-трговија „Mirakl“, кој ги опиша политиките на партијата како „фундаментално штетни“ за францускиот технолошки екосистем.

„„Mirakl“, кој меѓу другите услуги нуди решенија за вештачка интелигенција за онлајн трговците на мало, се потпира на инвестиции од глобални фондови за ризичен капитал и способност да ангажира таленти од странство. Загрижен сум поради способноста на француските стартапи да продолжат да привлекуваат средства и да останат дестинација за технолошки таленти, особено во областа на вештачката интелигенција“, вели Вебер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП