1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи данок - УЈП ја објави најновата Листа на должници

Кој колку должи данок – УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.06/2024 за долгови доспеани до 29.02.2024 и неплатени до 31.05.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.06/2024 објавени се 1908 должници – правни лица (помалку за 10 од претходната листа) и 3746 физички лица (помалку за 44 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2024 изнесува 10.588.650.845 денари, (помалку за 21.546.794 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.399.485.834 денари, (помалку за 32.326.841 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 189.165.011 денари (повеќе за 10.780.047 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП