3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМешавина од луксуз и комфор

Мешавина од луксуз и комфор

mes1

Незаменлив комфор, луксуз и неверојатно опкружување се идеите кои се основа за дизајнот на Хајнц Јулен за куќата во Зермат, Швајцарија.

Креиран од страна на локалниот дизајнер Хајнц Јулен, овој неконвекционален дом е мешавина од челик, бетон, дрво и стакло, а резултатот е место за живот кое изгледа како од соништата.

Најспектакуларен аспект на овој дом се најверојатно прозорите од подот до плафонот, високи неверојатни шест метри, кои ви овозможуваат сосема доволна количина на природна светлина и прекрасен поглед кон околината.

Како што е наведено во официјалниот опис на проектот, неколку елементи кои се вградени во просторот се особено вредни за споменување: прекрасната осветлена маса која може да се подигне и спушти, прекрасниот клавир „Steinway“ и големата софа пред каминот, кој е поставен во еден од стаклените ѕидови. Овој дом има структура на две нивоа.

Уживајте во фотографиите…

mes2

mes3

mes4

mes5

mes6

mes7

mes8

mes9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП