27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРударите на биткоин со надеж гледаат на вештачката интелигенција

Рударите на биткоин со надеж гледаат на вештачката интелигенција

Веќе неколку години, една од главните компании за рударење на биткоин, „Core Scientific“, тивко го диверзифицира својот бизнис и инвестира во вештачка интелигенција (AI). Пазарот бара огромно количество енергија за да може да тренира и да го одржува однесувањето на моделите со вештачка интелигенција, а рударите знаат како да го направат тоа, објави „CNBC“.

Од оваа недела, сепак, овие инвестиции веќе не се тајна за никого. Во понеделникот, „Core Scientific“ објави договор со компанијата за облак услуги „CoreWeave“ за поддршка на инфраструктурата за обука за вештачка интелигенција. Договорот е со рок од 12 години, а во овој период рударот ќе инвестира повеќе од 3,5 милијарди долари во потфатот.

„CoreWeave“, кој е поддржан од „Nvidia“, ги закупува на „Core Scientific“ единиците за графичка обработка (GPU) потребни за обука и одржување на „AI“ моделите. Според тоа, „Core Scientific“ ќе обезбеди приближно 200 мегавати инфраструктура за операциите на „CoreWeave“.

„Core Scientific“ се занимава со „рударство“ на различни дигитални средства од 2017-та. Од 2019-та година компанијата почна да ги диверзифицира своите активности, а во јануари излезе од банкрот.

„Најдобар начин да се развијат капацитети за ископување биткоин е да ги замислите како моќници во индустријата за центри за податоци“, изјави извршниот директор на „Core Scientific“ Адам Саливан за „CNBC“.

Додека акциите на „Core Scientific“ пораснаа за 40 отсто од нејзиното ИПО претходно оваа година, нејзината пазарна капитализација од околу 865 милиони долари е далеку под рекордните 4,3 милијарди долари што ги постигна во јули 2021-ва година.

Побарувачката за инфраструктура за развој и одржување на вештачката интелигенција порасна експоненцијално по воведувањето на „ChatGPT“ во ноември 2022-ра година, а во исто време, „Core Scientific“ и други рудари како „Bit Digital“, „Hive“ и „Hut 8“ бараат начини да ги зголемат своите приходи по уште едно преполовување на биткоинот што се случи во април. Се чини како совршена симбиоза и не е случајно што многу компании го таргетираат овој сектор.

Според компанијата за дигитални средства „CoinShares“, операциите во областа на вештачката интелигенција бараат околу 20 пати повеќе капитални трошоци од рударството на крипто средства, но тие се исто така многу пати попрофитабилни. Компанијата проценува дека моментално 27 отсто од приходите на „Bit Digital“ се генерираат од секторот за вештачка интелигенција. Истото важи и за 8 отсто од приходите на „Hut 8“ и 4 отсто од „Hive“, која има центри за податоци во Канада и Шведска.

„Bit Digital“ има 251 сервер кои активно ги монетизираат своите први договори со вештачка интелигенција. Само во април приходите на компанијата од секторот изнесуваат 4,1 милиони долари. „Iris Energy“, од друга страна, очекува годишни приходи од 14 до 17 милиони долари од своите облак услуги со вештачка интелигенција. Договорот на „Core Scientific“ со „CoreWeave“ се очекува да генерира приближно 290 милиони долари годишен приход.

„Имаме намера да останеме еден од најголемите и најпродуктивните рудари на биткоин, додека го диверзифицираме нашиот бизнис и обезбедуваме посигурни парични текови“, рече Саливан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП