26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУчеството на еврото во девизните резерви се намали во 2023 година

Учеството на еврото во девизните резерви се намали во 2023 година

Учеството на еврото во девизните резерви е намалено во 2023 година во корист на доларот и јенот, но и на „нестандардните валути“ како што е кинескиот јуан, објави во средата Европската централна банка (ЕЦБ), предупредувајќи дека неговата иднина би можела „релевантно“ да биде одредена од западните санкции против Русија.

Учеството на еврото во девизните резерви минатата година се намали за цел процентен поен, на 20 отсто, утврди ЕЦБ. Уделот на доларот е речиси непроменет и изнесува 58,4 отсто. И јапонскиот јен и кинескиот јуан останаа, повеќе или помалку, на нивото од 2022 година, со удели од 5,7 и 2,3 отсто, соодветно.

Кога ќе се исклучат еврото и доларот, учеството на другите валути во девизните резерви благо се зголеми и малку надмина 20 отсто, сигнализирајќи ја сè позначајната улога на „нестандардните“ валути во глобалните портфолија, заклучува банката, објаснувајќи дека категоријата, покрај кинескиот јуан, ги вклучува и австралиските, канадските и сингапурските долари, јужнокорејскиот вон и шведските и норвешките круни.

Минатата година, централните банки нето продале средства во евра, еднакви на 100 милијарди евра, утврди централната банка на еврозоната. Така, резервите на швајцарската централна банка минатата година се намалени за 35 милијарди евра, пред се поради интервенција на пазарот за поддршка на домашната валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП