Инфлацијата во Турција ќе почне да паѓа од јуни натаму и ќе биде едноцифрена во 2026 година, изјави денеска потпретседателот Џевдет Јилмаз.
Тој истакна дека Турците ќе почнат да го чувствуваат падот на потрошувачките цени веќе ова лето, пренесува Ројтерс. Јилмаз, исто така, рече дека земјата ќе одржи здрав економски раст заедно со падот на инфлацијата.
Тој додаде дека владата во Анкара „е на добар пат да ја исполни среднорочната програмска цел од четири отсто раст до крајот на годината“.
Годишната стапка на инфлација во Турција се зголеми во мај од 69,8 отсто во април на 75,45 отсто, објави претходно турскиот институт за статистика Туркстат. На месечна основа, инфлацијата се зголеми за 3,37 отсто во однос на април, а годишната базна стапка на инфлација во Турција благо падна од 75,81 отсто на 74,98 отсто во мај.
Централната банка на Турција (TCMB) на 25 мај одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 50 отсто.