4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo и Electrolux делат откази

Volvo и Electrolux делат откази

volvo2

Двете големи шведски компании, некогаш водечки во светот – „Volvo“ и „Electrolux“, денес најавија дека поради намалениот промет ќе укинат илјадници работни места.

Во соопштението на „Volvo“, еден од водечките шведски производители на моторни возила, се наведува дека ќе бидат укинати 2.000 работни места, што значи дека без работа ќе останат два проценти од вработените во оваа компанија.

Таквата одлука е дел од планот за реструктуирање, а донесена е бидејќи прометот е намален за пет проценти.

Шведската компанија за производство на електрични куќни апарати „Electrolux“, исто така најавi укинување на 2.000 работни места. „Electrolux“ соопшти и дека ќе затвори една фабрика во Австралија и производството ќе го префрли во Тајланд.

Во целиот свет во „Electrolux“ работат 60,200 лица. Таа компанија наведе дека е можно да бидат укинати и повеќе од 2.000 работни места. „Electrolux“ ќе размисли и дали треба да ги задржи четирите фабрики во Италија.

Таа компанија одлуката за укинување на работни места ја донесе поради прометот кој е во стагнација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП