18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на инфлацијата во Грција

Пад на инфлацијата во Грција

Годишната стапка на инфлација во Грција падна од 3,1 отсто во април на 2,4 отсто во мај, објави Статистичкиот институт Елстат.

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци во мај се зголемија за 3,1 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од априлските 5,4 отсто, а цените на грчкото здравство за 2,2 отсто на годишно ниво, наспроти априлските 3,6 отсто.

За разлика од нив, цените на облеката и обувките се зголемени за 6,4 отсто на годишно ниво, а на превозот за четири отсто, што претставува забрзување во однос на април, пренесува Мина.

Во мај алкохолните пијалоци и тутунот поскапеле за 1,6 отсто на годишно ниво, во рекреација и култура за 2,2 отсто, а во образование за 3,5 отсто.

На месечна основа, цените во Грција паднаа за 0,3 отсто во однос на април.

Просечните цени во Грција за периодот од јуни лани до мај годинава се зголемени во просек за 2,8 отсто во однос на годишниот период до мај минатата година.

Елстат неодамна објави дека годишната стапка на невработеност во Грција за април изнесувала 10,8 отсто, што е помалку од истиот период лани кога изнесувала 11,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП