29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТешка сообраќајна несреќа, чудо е како возачот останал жив

Тешка сообраќајна несреќа, чудо е како возачот останал жив

Вчера вечерта се случи тeшка сообраќајна незгода на булевар Србија.

„На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во „Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопштија од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Пожарникари учествувале во акцијата за спасување и извлекување на возачот, кој засега од непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од булеварот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП