18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦГК: Тендерот за гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата...

ЦГК: Тендерот за гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи

Денес, 10 јуни 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Изборите и јавни набавки.

Истражувањето покажа дека:

⦁ Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213.625.656 денари, односно 3.473.588 милиони евра, заклучно со 20 мај 2024 година.
⦁ Тендерите на ДИК за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава чинеле 767 илјади евра повеќе отколку збирот на тендерите за овие избори кога се спровеле поединечно во 2019 и 2020 година.

⦁ Гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи.
⦁ Дури 41 % од договорите за јавни набавки поврзани со изборите, ДИК ги склучила во постапка со директно преговарање, без оглас.
⦁ Во групата фирми кои традиционално ги добиваат тендерите на ДИК се издвојуваат три фирми.
⦁ Во годините кога има парламентарни избори, вредноста на јавните набавки во земјата достигнува рекордно ниво. За годинашните избори – се антиципирало во ланските набавки.

До целото истражување може да се пристапи преку следниот линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП