Народната банка ја информира јавноста за одржување на 51. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 27 јуни 2024 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка.
На оваа сесија, своите трудови ќе ги презентираат добитниците на Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година. Како добитник на првата награда Никита Ристовски ќе го презентира својот труд: „Економски раст поттикнат од интеграцијата: Случајот на интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија“. Презентација ќе одржи и добитникот на втората награда Стефан Таневски, кој ќе го презентира својот труд: „Монетарната политика и каналите на цените на средствата во контекст на регионализацијата на берзите во земјите на поранешна Југославија“.

