26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот расте: Очекувањата за намалување на каматните стапки стивнаа

Доларот расте: Очекувањата за намалување на каматните стапки стивнаа

Доларот порасна во однос на кошничката валути минатата недела, бидејќи силниот пазар на труд во САД ги намали очекувањата за намалување на стапката од страна на американската централна банка.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,31 отсто, на 104,94 поени.

Истовремено, вредноста на доларот во однос на европската валута се зголеми за 0,41 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,08 долари. Сепак, курсот на доларот ослабе во однос на јенот за 0,38 отсто, на 156,7 евра.

Податоците кои беа објавени во текот на изминатата недела за пазарот на труд во САД и за индустриската активност укажуваат на слабеење на растот на најголемата светска економија, поради што пораснаа очекувањата дека ФЕД двапати ќе ги намали каматните стапки од септември. Сепак, извештајот на американското Министерство за труд за вработеноста во мај покажа силен скок на бројот на вработени во петокот, за цели 272 илјади, надминувајќи ги прогнозите кои се движеа околу 185 илјади.

Во четвртокот, Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали каматните стапки во еврозоната за прв пат од 2019 година, намалувајќи ги за 0,25 процентни поени – од рекордното ниво од 4 отсто на 3,75 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП