Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, изнесува 0.9 %, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на инфлацијата во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 3.1 %, рекреација и култура за 2.1 %, транспорт за 1.9 %, облека и обувки за 1.5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.0 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, разновидни стоки и услуги за 0.4 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје за 0.1 %.

