16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за мај 2024

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за мај 2024

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.05 – 31.05.2024 година вкупниот промет изнесувал 664.903.616 денари и е речиси идентичен во однос на претходниот месец.

Класичното тргување изнесувало 416.122.152 денари и е зголемено во однос на април за 9,00 отсто.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 414.156.538 денари и обврзници во вредност од 1.965.614 денари.

Блок трансакциите за мај изнесувале 248.781.464 денари.

Бројот на трансакции во мај изнесувал 1.583 и е зголемен за 4,28 отсто во однос на април кога изнесувал 1.518.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за мај се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за мај 2024 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП