15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува за два денари

Од полноќ ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува за два денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,892 %, кај дизелот 3,251 %, кај екстра-лесното масло 3,433 % и кај мазутот намалувањето е 1,756 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,081 %.

Од 7.6.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 84,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 43,209 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се намалува 2,00 денари/л.

Малопродажните цени на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V), екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП