2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВо Женева пристигнува Opel Cascada

Во Женева пристигнува Opel Cascada

opel2

Новиот кабриолет на „Opel“, моделот „Cascada“, ќе има светска премиера на саемот за автомобили во Женева, во почетокот на март 2013 година.

Од „Opel“  најавуваат дека „Cascada“ е автомобил со средна големина не само по димензии (должина: 4, 70м), туку и по премиум технологијата и можностите кои ги нуди.

opel

Автомобилот е конструиран, со својата издолжена силуета и мекиот кров, да потсетува на традиционалните класични кабриолети, а ова е прв пат во последните 70 години „Opel“да дизајнира кабриолет со средна големина кој ќе го произведува во сопствените погони.

Во последните децении, напопуларните кабриолети на „Opel“ беа пристапните компактни модели како што се: „Kadett“ и „Astra“ од 1976 година, „ Kadett C Aero“ и 1987 „E Cabrio“ a помеѓу 1993 и 2010 три генерации на „Astra“.

opel1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП