20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските индекси претежно „во црвено“, цената на нафтата „брент“ падна под 78...

Европските индекси претежно „во црвено“, цената на нафтата „брент“ падна под 78 долари за барел

Европските берзански индекси денеска се главно „во минус“, американските индекси се нерамномерни, а цената на нафтата „брент“ падна на помалку од 78 долари за барел.

Индексот на Франкфуртската берза DAX денеска во 9:15 часот падна на 18.541,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.237,71 поени, францускиот CAC 40 на 7.977,79 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.157,24 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 38.571,03 поени, додека S&P 500 индексот се искачи на 5.283,40 поени, како и вредноста на Nasdaq индексот на 16.828,63 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 73,161 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 77,463 долари.

На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 36,2 евра за мегават-час.

Цената на златото падна на 2.343,91 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 6,7497 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08972, што е приближно исто како и во понеделникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП