22 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКако најлесно се станува Малтежанец? Животната приказна на Никола ќе ве охрабри...

Како најлесно се станува Малтежанец? Животната приказна на Никола ќе ве охрабри да го направите првиот чекор

Никола Петрушевски, роден и израснат во Скопје, сега веќе три години среќно живее и работи на Малта. Овој остров, познат по своите кристално чисти води и историски локалитети, му пружил можност на Никола да работи во еден од најпрестижните ресторани на островот, сместен на самата обала на една од најубавите плажи.

Со гордост и задоволство, тој ги споделува своите искуства од работата, каде што не само што научил многу за кулинарството, туку и за различните култури и обичаи на луѓето кои ги служи секој ден.

Заработката му овозможува достоинствен живот, со доволно време за уживање во убавините на островот, но исто така и можност да им пружи поддршка на своите родители во Македонија.

Во нерформален разговор за Денар, Никола вели дека оваа финансиска стабилност му дава мир во душата, знаејќи дека може да помогне на оние кои секогаш биле тука за него.

Живеењето во еднособен стан во помалку популарниот дел од градот му дозволува да се соочи со реалноста на животот на Малта, каде што кириите се високи, но тој успева да одржи баланс со плаќање на прифатлива цена од 400 евра месечно, со вклучени режиски трошоци.

Оваа одлука му овозможува да живее самостојно и да ги цени малите радости во животот, како што се читањето книга на балконот со поглед на градот или слушањето музика додека готви вечера.

Неговата животна приказна е инспирација за многумина кои се борат да најдат свој пат во странство.

„Со труд и посветеност, секој може да најде свое место под сонцето, дури и на илјадници километри од дома. Искрено ги охрабрувам сите да ги следат своите соништа, да бидат храбри и да веруваат дека секој нов почеток носи со себе нови можности и авантури. Оти, и мојата адаптација на Малте не беше лесна. Постојано учев и истражував. Различен јазик, други обичаи. Но, со отворен ум и со желба за интеграција, брзо почнува човек да ги освојува туѓите традиции. Затоа, не плашете се и направете го првиот чекор“, вели Никола.

Неговата работа во ресторанот му овозможила да се запознае со локалната кујна, која е богата со медитерански вкусови и ароми, и да ги научи тајните на малтешките специјалитети.

„Секојдневното дружење со колегите и гостите ми помогна да го подобрам своето познавање на малтешкиот јазик, што ми овозможи полесно да се вклопам во заедницата. Исто така, активно учествував на сите локални фестивали и настани, а тоа ми помогна многу полесно да го научам културното богатство на Малта“, посочува нашиот соговорник.

Никола исто така нашол утеха во малтешката музика и уметност, кои станале дел од неговиот секојдневен живот.

Тој се приклучил на курсеви за готвење за да ги усоврши своите вештини и да ги сподели своите македонски рецепти со новите пријатели.

Неговата способност да се адаптира и да прифати нова култура со отворени раце е пример за сите кои се наоѓаат во слична ситуација.

Никола верува дека клучот за успешна адаптација е во спремноста да се учи и да се прифатат новите предизвици со позитивен став.

Тој се надева дека неговата приказна ќе ги инспирира другите да ги прегрнат новите култури со истата страст и ентузијазам.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП