28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDanone оди во Африка

Danone оди во Африка

Danone_Ft

Француската компанија „Danone“, светски познатото име кога се во прашање свежите млечни производи, слатки и флаширана вода, ќе стане партнер со инвестициската компанија „Abraaj“.

Компанијата ќе посредува во купувањето на компанијата „Fan Milk Internаiоnаl“.

„Fan Milk“, чии профит во 2012-та година изнесуваше 120 милиони евра, произведува и дистрибуира замрзнати млечни производи и сокови во западна Африка.

Износот на трансакцијата не е прецизиран, ниту се познати деталите од договорот со „Abraaj“, која е една од главните инвеститори на пазарите во развој во Африка, Латинска Америка, Блискиот Исток, јужна и југоисточна Азија, Турција и централна Азија.

Компанијата „Fan Milk“ е основана пред 50 години, а е присутна на пазарите во Гана, Нигерија, Буркина Фасо и Брегот на Слоновата коска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП